Шок: Се самоуби внукот на Елвис Присли, земал сачмарка и си пресудил

од Aleksandar Petrovski

Бенџамин Кио (27), внук на рокенрол легендата Елвис Присли, се самоубил во неговата вила во Калабасас.

Бенџамин бил пронајден мртов со прострелна рана во градите. Полицијата соопшти дека станува збор за самоубиство, но дека точните околности не се јасни во моментот. Кио беше син на Лиза Мари Присли, ќерка на Елвис и Присила Пресли. Го добила во брак со музичарот Дени Кио.

„Лиза Мари е скршена, Бенџамин беше центарот на нејзиниот свет“, кратко изјавиле од семејството.

Лиза Мари со Дени доби ќерка Рајли (31) и Бенџамин, на кого му ја посвети песната „Storm and grace“. Таа потоа беше во брак со Мајкл Џексон и Николас Кејџ. Во бракот со музичкиот продуцент Мајкл Локвуд, доби единаесетгодишни близнаци Харпер и Финли, а потоа се разведе во 2016 година од Локвуд.

 

View this post on Instagram

Mama Lion with cubs ❤️🖤💚💙🦁🥰

A post shared by Lisa Marie Presley (@lisampresley) on

Слични содржини