Шок во Амстердам: Застрелан е најпознатиот новинар кој пишуваше за криминалното подземје

од Nikola Popovski

Холандски новинар, кој пишувал за криминал, Питер Р. де Врис, бил застрелан од огнено оружје на улица во Амстердам, објави весникот „Парол“.

Весникот наведува дека новинарот бил пренесен во болница со тешки повреди, пренесува „Срна“.

Полицијата соопшти дека еден човек е ранет во пукањето во Амстердам, но тие не го потврдилe неговиот идентитет.

„Еден човек беше застрелан на улицата Ланге Леидсварштат“, соопштила полицијата. Улицата се наоѓа во близина на еден од најголемите градски плоштади.

Брзата помош и полицијата биле на лице место и барале едно или повеќе лица осомничени за нападот.

Весникот „Парол“ објави, повикувајќи се на очевидци, дека Де Врис бил погоден во главата.

Де Врис е вистинска sвезда во Холандија познат по својата истражувачка работа по киднапирањето на магнатот Фреди Хајнекен во 1983 година. Тој стана познат во САД со својата истражувачка работа за исчезнувањето на тинејџерката Натали Холовеј во 2006 година.

Де Врис претходно беше мета на закани од криминалното подземје поради поврзаност со повеќе случаи.

Слични содржини