Шок во Далас – Карлајл си даде оставка!

од Vladimir Zorba

Далас Маверикс го загуби својот тренер Рик Карлајл.

Како што пренесува добро информираниот Адријан Војнаровски, Рик Карлајл повеќе нема да биде тренер на „телињата“.

Оваа информација доаѓа само еден ден откако Маверикс го отпушти генералниот директор Дони Нелсон.

Карлајл беше тренер на Далас претходните 13 години, освојувајќи ја шампионската титула со нив во 2011 година, што е едно од најголемите изненадувања во историјата на НБА лигата, кога победија против еден од најсилните тимови на сите времиња, Мајами Хит, вочиј тим беа, Леброн, Вејд и Бош.

Карлајл имаше уште двегодишен договор. Се шпекулираше дека тој ја „мерка“ работата во Милвоки, но ќе почекаме уште малку за да видиме каде ќе ја продолжи кариерата.

Поранешниот тренер на годината донесе одлука дека најдобро решение е оставка.

„По неколку разговори со Марк Кубан, го информирав тимот дека повеќе нема да бидам тренер на Далас Маверикс. Ова беше единствено моја одлука. Во последните 13 години водев одличен тим со големи луѓе”, изјави Рик Карлајл.

Слични содржини