Екстремнодесничарскиот Национален фронт на Марин Ле Пен добива на национално ниво рекордни резултати од првиот круг на регионалните избори – меѓу 27 и 30,8%. Така партијата  ја превзема десната опозиција и владејачките социјалисти во најмалку шест од 13-те регионот. Марин Ле Пен ова го  нарече прекрасен резултатот на нејзината партија. “Ние сме повикани да постигнеме национално единство, од што земјата има потреба”, рече Ле Пен, цитирана АФП и БТА.

Социјалистите, кои досега владееја во речиси сите региони, добија околу 23 отсто од гласовите. За партијата “Републиканците” на поранешниот претседател Никола Саркози гласаа околу 27 отсто од избирачите.Социјалистичката партија објави синоќа дека се повлекува од учество во вториот круг од изборите на 13-ти декември во најмалку два клучни региона, за да  ја  “крене бариера” пред крајната десница. “Во регионите каде има опасност од победа на Националниот фронт, или каде нема левица не превзема десницата, Социјалистичката партија одлучи да направи републикански бараж, конкретно во Нор-Па-де-Кале-Пикарди и Прованс-Алп-Брегот д’Азур “, рече Жан-Кристоф Камбаделис, втор по ранг во раководството на СП.” За пет години социјалистите нема да имаат претставници во овие регионални совети “, додаде тој по вонредната седница на раководството на владејачката партија.

Крајната десница во Франција е во подем по првите успеси на општинските и европските избори во 2014 година, кога победи во десетина градови и испрати 20 пратеници во Европскиот парламент. Сега Националниот фронт привлекува приврзаници во сите социјални слоеви, бидејќи француското општество го  отфрли традиционалниот политички модел левица-десница, посочува АФП. Три од шесте регионот, во кои води НП се клучни: на север Нор-Па-де-Кале-Пикарди, каде водачот на листите е Марин Ле Пен, на југоисток Прованс-Алп-Брегот д’Азур каде на  листата води внука на Ле Пен – Марион Мариса-Ле Пен, и на исток Алзас-Шампањ-Арден-Лорен, со водич на листите  е стратегот на партијата Флориан Филипо. Марин Ле Пен доби во својот регион над 40% од гласовите, а внуката и  – 41 проценти. Право на глас на изборите вчера имаа 44,6 милиони гласачи. Одзивот  достигна околу 50 проценти. Поранешниот француски претседател Никола Саркози ја отфрли веројатноста да се обедини со Француската социјалистичка партија на претседателот Франсоа Оланд, за да го спречи преземањето на власта во регионалните совети од крајната десница, пренесоа агенциите.  Конзервативната партија “Републиканците” на Саркози остана втора во национално ниво по Национален фронт.

Слични содржини