Шок за „граѓаните“: Манчестер Сити две години исфрлен од ЛШ!

од Aleksandar Petrovski

УЕФА му изрече драконска казна на англискиот првак Манчестер Сити заради кршење на финансискиот фер плеј.

На „граѓаните“ им е забрането учество во натпреварувањата под покровителство на УЕФА, Лигата на шампиони и Лига на Европа во наредните две сезони.

казната не се однесува на постоечкиот циклус на натпреварување, па Манчестер Сити ќе ја продолжи борбата во елитното натпреварување во кое го чека двомеч со Реал Мадрид.

Освен суспензија, УЕФА го казни Сити и парично, па клубот ќе мора да плати дури 30 милиони евра.
УЕФА ја изрекла оваа жестока казна затоа што докажала дека „граѓаните“ повеќе пати ги кршеле правилата за лиценцирање и финансискиот фер плеј во периодот од 2012 до 2016 година.

Манчестер Сити има право на жалба на Спортскиот суд во Лозана.

Слични содржини