ШОКАНТНА СТРАТЕГИЈА: Една држава одлучи прво да ја вакцинира помладата популација и инфлуенсерите!

од Nikola Popovski

Меѓу првите во редот за вакцини против коронавирус во Индонезија било лице познато на социјалните мрежи, односно инфлуенсер. Оваа земја исто така одлучила прво вакцината да ја прими помладата популација.

Рафи Ахмад, инфлуенсер од Индонезија, ја примил вакцината против коронавирус во претседателската палата Мердек во Џакарта. Тој беше во средата со претседателот Џоко Видодо кога започна процесот на вакцинација во Индонезија.

Ахмад има скоро 50 милиони следбеници на Инстаграм.

„Фала му на Бога, вакцината … Не се плашeте од вакцината“, напиша 33-годишниот инфлуенсер во описот на видеото на кое се гледа како ја прима вакцината.

Одлуката за тоа кој треба да биде прв во редот за ограничени дози на вакцини е предизвик низ целиот свет, и многу земји претпочитаат ранливи групи, лекари и стари лица.

Високиот службеник на градското Министерство за здравство, Надија Тармизи рече дека одлуката да се вклучат влијателни лица со скоро 1,5 милиони здравствени работници во првиот круг на вакцинирање е намерна стратегија за комуникација на владата.

Индонезија е во најтешка состојба во Југоисточна Азија со над 869.000 заразени и 25.000 смртни случаи. Иако популацијата беше скептична во однос на безбедноста и ефективноста на која било вакцина во земја со претежно муслиманско население, вакцинацијата започна.

Индонезијците се меѓу најголемите глобални корисници на социјални мрежи како што се Фејсбук, Твитер и Инстаграм.

Министерството за здравство не соопшти колку лица заразени ќе бидат на ред за вакцинирање, но меѓу оние што требало да ја примат вакцината биле и музичарите Ариел од групата Ноа и Риса Сарасвати.

Ахјани Раксанагара, шеф на здравствената агенција Бандунг, рече дека се надева оти уметниците ќе испратат позитивна порака за вакцинацијата, особено на младите.

Анкета минатиот месец покажа дека само 37 проценти од Индонезијците се подготвени за вакцинација, 40 проценти од луѓето би размислиле за вакцинација, а 17 проценти би ја одбиле.

Слични содржини