Шокантни сцени од Прага по објавувањето на новото затворање, жестоки пресметки на улиците

од Vladimir Zorba

Големи немири избувнаа во центарот на Прага во неделата, откако полицијата реши да го „разбие“ протестот против ограничувачките мерки најавени од чешката влада со намера да го запре ширењето на вирусот Ковид-19.

Најмалку 20 лица се повредени во судирите со полицијата, а чешките медиуми објавија дека во немирите учествувале фудбалски навивачи, кои се побуниле против затворањето на барови и ресторани, како и забраната за присуство на спортски натпревари.

Забраната за собирање на повеќе од 500 луѓе е во сила во Чешка, а кога полицијата сфати дека веќе има неколку илјади демонстранти на плоштадот, тие презедоа мерки.

Следеше жестока пресметка, летаа шишиња, факели и камења, а силите за спроведување на законот користеа солзавец и водени топови.

Во последните две недели во Чешка, ситуацијата со пандемијата целосно излезе од контрола. За само десет дена, бројот на новозаразени се зголеми од 500 на над седум илјади.

Токму поради овие околности, чешката влада објави дека размислува за целосна блокада.

loading...

Слични содржини