Шокантни сцени во Газа: „Убиени се цели семејства, невини жени и деца“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Рама Абу Рахмер од Газа за Би-Би-Си изјави дека за време на ужасните напади биле убивани цели семејства.

„Беше ужасно, никој не можеше да спие вчера. Тие бомбардираа насекаде. Луѓето беа навистина исплашени, особено ноќе. Оние од Газа или кои живеат во близина на границата се обидоа да ги напуштат своите домови. Бомбите не беа фрлани само на границата, туку и низ цела Газа. Уништени се многу куќи, без претходно предупредување. Беа убиени семејства – невини жени и деца“, рече Абу Рахмер.

„Тие велат дека се насочени кон тунелите на Хамас за да спречат ракетни напади, но тоа не е точно. Нема тунели во куќите на невини луѓе. Тие бомбардираат згради во кои има канцеларии за медиуми и каде живеат невини луѓе кои немаат никаква врска со Хамас. Тоа е изговор за да ја уништат Газа и да извршат притисок врз Хамас“, додаде таа.

Израел изјави дека за време на ракетирањето целат кон објекти што им припаѓаат на милитантите на Хамас и дека тие издаваат предупредување пред бомбардирањето, пренесе „Индекс“.

Потсетуваме, конфликтите меѓу Хамас и Израел траат веќе неколку дена. Ракетирањето продолжува од двете страни, а бројот на жртви се зголемува секој ден.

Слични содржини