Шокантно признание на позната актерка: Бев киднапирана

од Stefanija Kuzmanovska

Популарната комичарка и актерка Ребел Вилсон најпрво ја изненади јавноста со својата неверојатна трансформација, при што изгуби дури 18 килограми, а сега повторно е во центарот на вниманието поради шокантното признание дека била киднапирана за време на патувањето во Африка.

Ребел Вилсон со своите обожаватели ги сподели своите искуства од патувањето во Африка.

Актерката потоа откри дека била жртва на вооружено киднапирање, раскажувајќи накратко што точно се случило со неа и групата жени со кои била на тоа патување, како и за тоа како завршила целата ситуација.

„Еднаш во Африка бев киднапирана. Тоа се случи во руралниот дел на Мозамбик. Неколку жени и јас се возевме на камион кога до нас дојдоа луѓе со друг камион полн со оружје“, изјави актерката за Sky Original Straight Talking.

„Застанаа покрај нас со големи пушки и ни наредија веднаш да излеземе од нашето возило. Потоа не одведоа во една напуштена куќа. Тогаш сфатив дека добро се справувам во кризни ситуации затоа што се однесував како водач на тимот. Кога не оставија сами, им реков на другите девојки да се држат за раце бидејќи се плашев дека можат да земат некоја од нас во текот на ноќта и да ѝ направат нешто“, додаде актерката.

На крајот, никој не беше повреден, а киднапираните девојки беа ослободени следното утро. Актерката е убедена дека го користеле нивниот камион за шверц на илегални супстанции преку границата.

„За среќа, не бевме повредени, а мажите дојдоа следниот ден и рекоа: ‘Вашиот камион е подготвен сега. Можете да одиш.’ Не поставивме никакви прашања, се качивме на камионот и брзо ја напуштивме локацијата, а неколку часа подоцна ја поминавме јужноафриканската граница. Мислам дека можеби овие момци нè користеа за шверц на нелегални работи што ги криеја на дното на камионот“, заклучи актерката.

 

Слични содржини