Шокантно видео од Зоо Скопје: Девојка прескокнувајќи ги оградите ги малтретира животните

од Берта Китинска

На социјалната мрежа  „ТикТок“се појави видео на кое се гледа како девојка прескокнувајќи ги оградите на живеалиштат ги малтретира животните во Зоолошката градина во Скопје.

-За жал оваа девојка дошла во Зоо Скопје да ги малтретира животните и да си го ризикува сопствениот живот прескокнувајќи ги оградите .Секако ќе добие соодветна пријава, затоа што ваквото однесување е недозволено.Понекогаш доволно е и една минута да немало никој во близина и да се случи ваков инцидент.Токму преку едукативни кампањи успеавме да ја покренеме свеста и поголемиот број на посетители се културни и совесни, но ете има и по некој ваков изолиран случај кој заслужува казна!, стои во објавата на Фејсбук на Скопје ЗОО.

Слични содржини