Германскиот канцелар, Олаф Шолц денес ја поздрави одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, велејќи дека тоа покажува дека никој не е над законот.
Вчера МКС повика на апсење на Путин поради сомнение дека сторил кривично дело нелегална депортација на деца и незаконско префрлање на луѓе од Украина во Русија за време на конфликтот во Украина, пренесе Ројтерс.
„Меѓународниот кривичен суд е вистинската институција за истрага на воените злосторства … Факт е дека никој не е над законот и тоа е она што сега станува јасно“, рече Шолц на заедничката прес-конференција во Токио со јапонскиот премиер Фумио Кишида.