Шолц ја поздрави одлуката на Меѓународниот кривичен суд за налогот за апсење на Путин – никој не е над законот

од Radmila Tasevska

Германскиот канцелар, Олаф Шолц денес ја поздрави одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, велејќи дека тоа покажува дека никој не е над законот.

Вчера МКС повика на апсење на Путин поради сомнение дека сторил кривично дело нелегална депортација на деца и незаконско префрлање на луѓе од Украина во Русија за време на конфликтот во Украина, пренесе Ројтерс.

„Меѓународниот кривичен суд е вистинската институција за истрага на воените злосторства … Факт е дека никој не е над законот и тоа е она што сега станува јасно“, рече Шолц на заедничката прес-конференција во Токио со јапонскиот премиер Фумио Кишида.

Слични содржини