Шолц: Германија мора да биде подготвена за ескалација во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Германија мора да биде подготвена за ескалација на ситуацијата во Украина.

Шолц ова го изјави на конференција во Берлин, чиј домаќин беше весникот „Зидојче цајтунг“, а пренесе „Ројтерс“.

Шолц изјави дека одбранбениот фонд вреден 100 милијарди евра, кој беше објавен по почетокот на војната во Украина, е резултат на научената лекција за изградба на одбранбени резерви на германската армија.

Слични содржини