Шолц го осуди „бруталниот чин на насилство“ врз припадниците на Јеховините сведоци

од Stefanija Kuzmanovska

Германскиот канцелар Олаф Шолц утрово го осуди „бруталниот чин на насилство“ на состанокот на Јеховините сведоци во Хамбург, во кој беа убиени неколку луѓе.

Министерката за внатрешни работи Ненси Фесер рече дека е „потресена од ужасниот чин на насилство во заедницата на Јеховините сведоци во Хамбург“.

Заедницата на Јеховините сведоци денеска изрази „длабока тага“ поради нападот „на нејзините членови“ по верската служба.

Полицијата пред полноќ објави дека неколку луѓе се убиени и ранети за време на престрелка во Салата на Кралството во Хамбург.

Нападот се случил во областа Грос Борстел, на северот на Хамбург.

Германската полиција соопшти дека се верува дека напаѓачот е меѓу загинатите.

Слични содржини