Шолц: Нападите со дронови го претставуваат очајот на Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Германскиот канцелар Олаф Шолц смета дека континуираните напади со руски дронови во Украина го претставуваат очајот на Москва и ја подвлече важноста од планирање на обновата на земјата.

Во своето обраќање на конференцијата за обнова на Украина во Берлин, Шолц истакна дека историјата на Германија покажува дека била возможна обнова на земјата и по разорна војна, пренесува „Танјуг“.

Затоа, вели тој, важно е да се планира иднината на Украина како просперитетна и демократска членка на Европската унија и извозник на зелена енергија и високотехнолошки добра.

Тој посочи дека посветеноста на Украина кон ЕУ е една од најзначајните геополитички одлуки на оваа ера.

Слични содржини