Шолц: Не е на повидок нова финансиска криза во Германија и Европа

од Vladimir Zorba

Канцеларот на Германија, Олаф Шолц изјави денеска дека не е на повидок нова финансиска криза во Германија и Европа по банкротот на банката во Силиконската долина и турбуленциите поврзани со работењето на швајцарски Credit Suisse.

„Не гледам опасност. Монетарниот систем повеќе не е толку ранлив како пред финансиската криза“, изјави канцеларот во интервју за германскиот весник „Ханделсблат“.

Тој изјави дека не очекува никакви последици за германските штедачи.

Слични содржини