Шолц: Неприфатливо е Турција да го оспорува суверенитетот на Грција

од Stefanija Kuzmanovska

Германскиот канцелар Олаф Шолц, кој е во официјална посета на Атина, во четвртокот изјави дека „не е прифатливо“ Турција, како членка на НАТО, „да го оспорува суверенитетот на друга членка на Алијансата“.

„Не е прифатливо еден партнер на НАТО да го оспорува суверенитетот на друг“, рече Шолц во интервју за грчкиот весник „Та неа“.

„Тоа е вистина кога има повеќе или помалку скриени воени закани“, додаде тој.

Шолц во средата вечер од Париз допатува во Атина, а денот го започна со посета на Акропол со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Односите меѓу Атина и Анкара се затегнати со години, пред се поради разграничувањата во источниот Медитеран.

Долгогодишниот спор беше обновен во последниве години со обидите на Турција да ги истражи наоѓалиштата на гас во спорните води.

Слични содржини