Шолц очекува „конструктивни резултати“ од европскиот договор во дијалогот меѓу Белград и Приштина

од Vladimir Zorba

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска дека гледа „голема волја“ за нормализирање на односите меѓу поранешните воени непријатели на Србија и Косово, пренесе Ројтерс.

По средбата со албанскиот премиер Еди Рама во Берлин, Шолц на прашањето за дијалогот меѓу Белград и Приштина рече дека очекува конструктивни резултати од рамковниот договор, со посредство на ЕУ.

На прашањето колку долго ЕУ ќе чека за договор и што ако едната страна не сака да го потпише германско-францускиот предлог, канцеларот рече дека тоа е далекусежен и избалансиран предлог, кој го подготвија Германија и Франција, а поддржани од Италија и САД, а се најде и во заклучоците на ЕУ.

Слични содржини