Шолц: Пристапувањето на Западен Балкан во ЕУ е во интерес на Германија

од Stefanija Kuzmanovska

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го поздрави заживувањето на преговорите за влез во Европската унија (ЕУ) со земјите од Западен Балкан и истакна дека пристапот на балканските земји во ЕУ е во интерес на Германија.

„Во наш германски и наш европски интерес е остатокот од Балканот да стане дел од Европската унија“, рече Шолц, говорејќи пред парламентот во Берлин, пред еднодневниот самит на ЕУ во Брисел.

Шолц ја пофали одлуката на министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ да ја примат Хрватска во Шенген зоната и додаде дека треба да им се дозволи и на Бугарија и Романија да се приклучат.

Слични содржини