Шолц: Украина не може да користи германско оружје за да ја нападне Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Германија ќе следи Украина да не користи германско оружје што ѝ е доставено за напади на руска територија, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц на состанокот со жителите на градот Бендорф.

„И во иднина ќе биде така… За нас е многу важно оружјето кое го снабдуваме и со кое Украина може да се одбрани да не се користи за напад на руска територија“, рече Шолц, зборувајќи за воената помош за Украина.

Тој нагласи дека Германија никогаш не презема „еднострани чекори“, туку секогаш дејствува во „договор со партнерите“.

Канцеларот исто така истакна дека политиката на Берлин не вклучува само поддршка за Киев, туку и спречување на ескалација на конфликтот меѓу Русија и земјите од НАТО, пренесува „Спутник“.

Слични содржини