Шолц: Важно е да се продолжи комуникацијата со Путин

од Stefanija Kuzmanovska

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека е важно да се продолжи комуникацијата со рускиот претседател Владимир Путин.

„Пред војната долго разговарав сам со него во Москва. После тоа, разговаравме на телефон во одредени интервали“, рече Шолц обраќајќи им се на новинарите на самитот на Групата 20 во Бали, а пренесува ТАСС.

Шолц, кој на 15 февруари ја посети Москва и по тој повод разговараше со Путин, оцени дека ваквите контакти се многу важни.

„Можеме темелно да разговараме за прашања за кои имаме различни ставови“, објасни тој и повторно ја повика Русија да ги повлече своите сили од Украина, пренесува „Танјуг“.

Шолц истакна дека подеднакво е важно да се разговара со украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Слични содржини