Шолц: Германија може да се откаже од руската нафта и јаглен оваа година

од Milan1

Германија работи на целосно откажување од испораките на руски јаглен и нафта, изјави канцеларот Олаф Шолц за телевизијата ARD.

„Се движиме кон брзо напуштање на руската енергија. Работиме на преориентирање на увозот на јаглен, што може да се случи оваа година. Работиме и на откажување од руската нафта во таква временска рамка“, рече Шолц.

Сепак, канцеларот призна дека при воведување ембарго, многу работни места ќе бидат загрозени.
„Доколку увозот нагло се прекине, многу производни синџири ќе мора да се затворат, што би довело до сериозна економска криза“, рече Шолц.

На почетокот на овој месец, Европската комисија предложи план за намалување на зависноста на ЕУ од рускиот гас за 67 отсто до крајот на годината поради војната во Украина, потсетува ТАСС.

Во изјавата за ARD, Шолц исто така рече дека и покрај инвазијата на Украина, ниту НАТО ниту американскиот претседател Џо Бајден имаат за цел да ја сменат власта во Русија.

Канцеларот рече дека имал можност да разговара со Бајден и било разговарано за овие прашања.

За време на посетата на Варшава во саботата, Бајден рече дека неговиот руски колега Владимир Путин „не може да остане на власт“. Веднаш потоа, Белата куќа увери дека говорот на Бајден не е повик за „промена на власта“.

„Демократијата, слободата и правото имаат иднина насекаде, се обложувам дека нашата длабока желба како човечки суштества е да живееме во демократија“, изјави Шолц за телевизијата. „Сепак, на народите и нациите им останува да се борат за оваа слобода“, рече тој. „Она што треба да го гарантираме е дека нема повреда на интегритетот и суверенитетот на државите“, додаде канцеларот.

Запрашан за снабдувањето со оружје од Германија, кое Киев го смета за недоволно, Шолц рече: „Ние правиме се што е во наша моќ“.

Додаде дека оружјето веќе испорачано од Западот довело до „значајни успеси“.

Слични содржини