Шолц на крајот од самитот на Г7: Се согласуваме дека Путин не смее да победи во оваа војна

од Stefanija Kuzmanovska

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека западните санкции против Русија ќе завршат само кога рускиот претседател Владимир Путин ќе прифати дека неговите планови во Украина нема да успеат.

„Сите санкции што ги воведовме поради Крим сè уште се таму. Сите санкции што ги воведовме поради бунтот во Донбас, што го иницираше Русија, сè уште се таму. Истото ќе важи и за одлуките донесени сега, кои се многу построги“, рече германецот канцелар на последната прес-конференција на тридневниот самит на Г7 во Германија, пренесува „Ројтерс“.

Тој додаде дека има само еден излез, а тоа е Путин да прифати дека неговите планови во Украина нема да успеат.

Тој повтори дека земјите од Г7 „стојат заедно во нивната поддршка за Украина“.

„Се согласуваме дека претседателот Путин не смее да победи во оваа војна и ќе продолжиме да го поддржуваме и да продолжиме да ја зголемуваме цената за претседателот Путин, економски и политички“, рече Шолц, пренесува „Гардијан“.

Тој рече дека освен хуманитарна и воена поддршка, неопходно е да се обезбедат дополнителни пари за долгорочна обнова на Украина.

„Потребен ни е план. Ова треба да биде добро испланирано и добро развиено“, рече Шолц.

Слични содржини