Шолц: Најавата за мобилизација е знак дека рускиот напад е неуспешен

од Stefanija Kuzmanovska

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска реагираше на наредбата на рускиот претседател Владимир Путин за делумна мобилизација во таа земја, велејќи дека тоа е знак дека рускиот напад врз Украина бил неуспешен.

„Овој потег може да се толкува само како реакција на фактот дека рускиот напад врз Украина не се одвива како што очекува Москва“, се вели во изјавата на германскиот канцелар, која ја пренесе еден од неговите портпароли.

Според изјавата на Шолц, кој моментално престојува во САД на Генералното собрание на ОН, Русија е принудена да ги прегрупира своите сили во окупираните области на североисток, што е доказ за успехот на Украина, пренесе агенцијата „Хина“.

Слични содржини