Шолц: Русија нема да победи во војната ниту да ги диктира условите за мир

од Stefanija Kuzmanovska

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Русија нема да победи во војната во Украина и посочи дека Москва не смее да ги диктира условите за каков било мир, пренесува „Танјуг“.

„Путин сериозно ќе преговара за мир само ако сфати дека не може да ја пробие одбраната на Украина“, рече Шолц во говорот на Светскиот економски форум во Давос, пренесе „Ројтерс“.

Тој посочи дека „нема да има диктиран мир“.

„Украина нема да го прифати тоа, ниту ние“, предупреди Шолц.

Слични содржини