Шон Пен ги услови своите колеги: „Ќе се откажам од снимањето ако…“

од Stefanija Kuzmanovska

Добро познатиот американски актер Шон Пен ги услови своите колеги актери дека мора да бидат вакцинирани, доколку сакаат тој да се врати на снимањето на серијата „Гаслит“.

Како што истакна познатиот актер, причината за оваа одлука е зголемениот број на лица заразени со коронавирусот во Лос Анџелес, па Шон сака да ги охрабри колегите за важноста на вакцинацијата и колективниот имунитет.

Во Лос Анџелес повторно стапија на сила мерките за носење маски во затворен простор, токму поради зголемениот број на луѓе кои страдаат од коронавирус.

Неговата организација CORE ќе се погрижи на своите колеги актери да им обезбеди бесплатни вакцини.

Слични содржини