Шоу на Кирјос на стартот на АО – со чуден потег ја фрли публиката во транс (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Ник Кирјос и понатаму си останува оној стариот! Имено, домашниот тенисер веќе на стартот од мечот на Австралија Опен ја „фрли“ публиката во транс поради потегот кој го направи против Лиам Броди!

Кирјос со брејк го отвори мечот, а потоа при водство од 40-0 во вториот гем направи неочекуван потег и сервираше со удирање на топката под неговите нозе.

Во тој момент на трибините се слушна само воздишката на зачудената публика, која брзо прерасна во крик од воодушевување кога Броди ја испрати топката во аут – додека Кирјос само ги креваше рацете, алудирајќи на тоа дека одлично се забавува.

Слични содржини