Шоу на Милевски и Огненовски: „Вистината те боли“- „Ти си опседнат со сите кандидати“

од Берта Китинска

„Зборуваш ќе ги задржиш младите и за проекти кои не се значајни за Битола. Учествуваш 20 години во политиката и во уништување на Битола не само што си потрчко на некоја партија ти си тежок фотејаш. Вистината те боли“, упати критика Јорго Огненовски кандидат за градоначалник на Битола кон Горан Милевски кој е дел од трката за прв човек на Битола, кандидат на ЛДП и ДОМ.

Милевски веднаш почна да реагира недозволувајќи му на Огненовски да ја заврши мислата.

-Не си во Холивуд да правиш шоу, ти си опседнат со сите кандидати. Нема да толерирам вакви навреди. Не сакам никој да ме навредува. Немој да изигруваш некој паметен, кажа Милевски во дебатата во „Студио 10“.

Слични содржини