Шпанија без Рамос на ЕП!

од Nikola Popovski

Серхио Рамос нема да игра за Шпанија на претстојното Европско првенство (11 јуни – 11 јули).

Шпанскиот тренер Луис Енрике го објави списокот со 24 играчи, во кој немаше место за Серхио Рамос. Стоперот на Реал Мадрид имаше многу проблеми со повредите оваа година, но се очекуваше уште еднаш да биде предводник на „црвената фурија“ во големото натпреварување.

Ова ќе биде прво натпреварување од 2004 година во кое Шпанија ќе игра без него во составот. Рамос беше еден од креаторите на големиот успех на Шпанија кога беше двократен европски шампион за само шест години (2008 и 2012 година), додека славеше на СП 2010 во Јужна Африка.

Сè уште не е познато зошто поранешниот тренер на Барселона реши да го изостави Рамос.

Слични содржини