Шпанија: Една третина од смртните случаи се жители во старечки домови, 498 починати во изминатите 24 часа

од Nikola Popovski

Вкупно 1.307 лица во Шпанија, сместени во старечки домови починале од коронавирус, што е приближно една третина од вкупните смртни случаи во земјата, јавува радиото Кадена Сер.

Само во мадридскиот регион, од почетокот на епидемијата се пријавени 855 смртни случаи, соопшти радио мрежата.

Шпанската влада соопшти дека сè уште собира податоци од сите региони за смртноста во старечки домови и не може да ги потврди или негира податоците на радиото Кадена Сер.

Регионалната влада на Мадрид соопшти дека податоците не се официјални, додавајќи дека официјалниот извештај за смртта на старите лица ќе се сподели кога ќе бидат готови, пренесува Танјуг.

Уште 498 жртви на коронавирус во Шпанија

Во Шпанија, од коронавирусот денес починале 498 лица, што е за 19 проценти повеќе од претходниот ден, со што вкупниот број на смртни случаи достигнал 4.089.

Потврдени се уште 6.682 случаи, што значи дека се заразени вкупно 56.187 лица, пренесува Би-Би-Си.

Шпанскиот парламент ја продолжи вонредната состојба барем до 12 април, пренесува Танјуг.

Слични содржини