Шпанија ги отвора границите пред предвиденото: Сè уште нема список на „добредојдени“ земји

од Nikola Popovski

Шпанија планира постепено да ги отвори своите граници за туристите од земји што се сметаат за безбедни во борбата против коронавирусот. Веројатно ќе започне на 22 јуни, соопштило Министерството за туризам на оваа земја.

Шпанија претходно го одреди 1 јули како датум за повторно отворање на границите.

Владата на премиерот Педро Санчез треба да ја укине вонредната состојба на 21 јуни, што значи дека Шпанците ќе можат повторно да се движат слободно.

Портпаролот на Министерството за туризам изјавил дека истото ќе почне да важи и за некои странски туристи во понеделник, 22 јуни, а можеби и во недела, на 21 јуни, јавува „Јаху Њуз“.

„Ние сакаме да ги реактивираме и забрзаме меѓународните патувања, започнувајќи од области со слични епидемиолошки состојби“, истакнале од шпанското министерство за туризам.

Сè уште нема список на земји за кои би важела оваа мерка, така што не знаеме во каква позиција би биле граѓаните на Северна Македонија во ситуација кога сакаат да патуваат во Шпанија.

Слични содржини