Шпанија ги отвора границите за туристите: Еве кога ќе можете повторно да патувате на Пиринејскиот полуостров

од Stefanija Kuzmanovska

Шпанија би можела да ги отвори своите граници за странските туристи на 21 јуни ако ситуацијата во врска со коронавирусот во таа земја продолжи да се подобрува, пренесува „Блиц“.

Доколку вонредната состојба биде укината на 21 јуни, како што се очекува, „нема да има механизам за контрола на движењето на граѓаните“, рече министерот за транспорт на земјата, Хозе Луис Абалос.

Според „EuroWeekly news“, Абалос рекол дека ќе може да се патува во сите провинции кои се во последната фаза на намалување на мерките воведени поради поради пандемијата, без оглед на која автономна покраина припаѓаат.

Во третата фаза само четири острови, 70% од државата во втората

Моментално околу 70% од територијата на Шпанија е во втора фаза. Ова значи дека трговските центри, продавниците и оние што нудат професионални услуги можат повторно да започнат со работа, но со 40 отсто од капацитетите.

Во третата фаза, која ги укинува мерките уште повеќе, засега има само четири острови: Форментера (архипелаг на Балеарските острови), Гомера, Јеро и Грасиоса (од групата на Канарските острови).

За жал, оние кои планираа да ги посетат Мадрид и Барселона, се уште мораат да почекаат, бидејќи овие два града засега се уште се во првата фаза, односно со најстроги мерки.

Слични содржини