Шпанија им „кажа збогум“ на маските на отворено

од Nikola Popovski

Шпанија го укинува задолжителното носење маски на отворено, бидејќи стапката на ширење на Ковид-19 се намалува, а болниците пријавуваат помалку нови пациенти.

-Маските нема да мора да се носат на отворено од четврток, 10 февруари, изјави владината портпаролка Изабел Родригез.

Промената на правилата ги опфаќа и децата на училиште за време на паузите меѓу часовите.

Маските остануваат задолжителни во затворените јавни места, вклучително и јавниот превоз, како и во ситуации кога луѓето не можат да држат растојание од 1,5 метри.

Мерката воведена во декември минатата година беше ревидирана поради големиот пораст на бројот на заразени со омикрон корона вирусот во тоа време.

Епидемијата сега спласнува, а во последните 14 дена има помалку од 2.000 заразени на 100.000 жители.

Слични содржини