Шпанија ја укина вонредната состојба, илјадници млади луѓе на улиците

од Stefanija Kuzmanovska

Шпанија ја укина вонредната состојба во земјата, која беше на сила во последните шест месеци поради пандемијата на коронавирус, што значи дека повеќе нема полициски час. По тој повод, започна голема улична прослава.

Отсега па натаму, исклучиво секоја од 17-те автономни покраини ќе одлучи за ограничување на движењето на жителите, но тие повеќе нема да имаат законски „чадор“ што ќе им дозволи да ги ограничуваат основните права на граѓаните, како што е слободното излегување на улица, без судска одлука.

Од полноќ, на 47 милиони жители им беше дозволено слободно да патуваат од провинција во провинција без да носат потврда за причината за патувањето.

Досега беше дозволено да се напуштаат провинциите како Мадрид, Галиција или Каталонија само со потврда за одење на работа или за итни случаи.

Слични содржини