Шпанија ја укинува забраната за влез на патниците од Велика Британија

Шпанските власти ја укинаа забраната за патување за Велика Британија, која беше воведена поради појавата на мутирана форма на коронавирус во таа земја.

Владиниот портпарол и министер за финансии Марија Хесус Монтеро истакна дека забраната, која важеше повеќе од еден месец, е укината и дека од денес се дозволени патувања со авион и море.

Монтеро рече дека патниците кои пристигнуваат од Велика Британија ќе треба да направат негативен тест за PCR, не постар од 72 часа пред патувањето.

Владата донесе одлука забраната за патување за Бразил и Јужна Африка да остане во сила до 13 април.

Слични содржини