Шпанија не го менува ставот: „Не го признаваме Косово“

од Stefanija Kuzmanovska

Шпанскиот амбасадор во Србија објави дека неговата земја не признава независно Косово и дека тоа нема да се промени.

Тоа е официјална политика на државата, која не се менува во однос на политичката партија или партиите што би биле на власт во даден момент, рече амбасадорот на Шпанија, Раул Бартоломе Молина.

Тој за белградски „Курур“ навел дека таквиот став нема да се промени дури и ако официјален Мадрид отвори канцеларија во Приштина.

Тој посочува дека Шпанија отсекогаш се залагала за почитување на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН, како и повика на исполнување на обврските од Бриселскиот договор, што според него, треба да биде основа за тековните преговори меѓу Белград и Приштина.

„Едностраната независност што територијата ја прогласи во 2008 година наруши еден од основните принципи на меѓународното право – принципот на територијалниот интегритет. Во таа смисла, бидејќи позицијата на Шпанија се заснова на објективни и правни причини и е широко поддржана во земјата, е многу цврста. Било какви гласини во спротивна смисла, не се ништо друго освен чиста шпекулација“, додаде амбасадорот Молина.

Слични содржини