Шпанија: Од коронавирус починале повеќе од 30.000 лица, a повеќе од 600.000 се заразени

од Nikola Popovski

Повеќе од 30 000 луѓе починале во Шпанија како резултат на инфекција со коронавирус.

Шпанија е една од најпогодените земји во Европа. Министерството за здравство вчера објави податоци за бројот на заразени, што изнесува 593.730, а денес бројката се зголемила 603.167.

Во исто време, 303 лица починаа во последните седум дена од последиците предизвикани од Ковид-19, односно вкупно 30.004 смртни случаи од почетокот на пандемијата.

Бројот на смртни случаи од вчера е поголем за 156.

Во последните седум дена хоспитализирани се 2.138 пациенти заради инфекција со коронавирус, од кои 151 се на одделот за интензивна нега.

Последиците предизвикани од инфекцијата со коронавирус влијаеа и на економијата и социјалниот живот во земјата.

Во Мадрид, медицинските работници организирале протести со барање за подобри услови за работа и дополнителни мерки, додека наставниците и другите вработени во образованието од Баскија се во штрајк.

Најавено е дека протестите во секторите образование и здравство ќе бидат организирани во други делови на земјата во текот на септември.

Слични содржини