Шпанија: Полугол маж нападнал полицијци со сабји и тврдел дека има коронавирус (видео)

од Nikola Popovski

Шпанската полиција уапсила маж во Мадрид, кој шетал полугол, вооружен со две сабји, според извештаите на медиумите.

Кога пристигнала полицијата, наместо да се предаде, човекот започнал да им се заканува на полицајците и да го крши стаклото на полициските автомобили.

Полицијата испукала неколку истрели во воздух како предупредување за сторителот, пренесува Ел Мундо.

Мажот на крајот бил уапсен, а снимките биле објавени на социјалните мрежи на Националната шпанска полиција.

Според „Europe press“, кој се повикува на полициски извори, човекот тврдел дека е заразен со коронавирус.

Слични содржини