Шпанија повторно ја започна употребата на Астра Зенека

Шпанија денес ја продолжи употребата на вакцината Астра Зенека против Ковид 19, по еднонеделна суспензија поради несакани ефекти.

Заедно со околу 10 други европски земји, Шпанија ја прекина имунизацијата со вакцината АстраЗенека минатата недела поради загриженост дека предизвикува згрутчување на крвта, но ја укина суспензијата откако Европската агенција за лекови ја поддржа вакцината, објави Ројтерс.

Откако падна на најниско ниво од август, стапката на инфекција во Шпанија почна да расте, што предизвикува загриженост дека инфекцијата може повторно да се зголеми пред велигденските празници.

Според шпанската стратегија за вакцинирање, вакцините АстраЗенека им биле дадени на клучни работници на возраст под 65 години, додека вакцините Фајзер- Битек и Модерна биле резервирани за стари лица и клинички ранливи.

Шпанските власти вакцинираа граѓани со околу милион вакцини АстраЗенека, од вкупно 6,4 милиони вакцини што ги дадоа.

Слични содржини