Шпанија прогласи 10-дневна жалост за жртвите од коронавирусот

од Vladimir Zorba

Шпанската влада ќе прогласи десетдневна жалост, со која ќе им се оддаде почит на починатите од коорнавирусот, најави премиерот Педро Санчез.

„Од вторник, владата официјално ќе прогласи жалост низ цела Шпанија, во спомен на сите жртви на пандемијата. Тагата ќе трае десет дена и ќе биде најдолгиот официјален период на жалост во нашата демократска историја“, беше цитиран Санчез од шпанските медиуми.

Во Шпанија, вонредната состојба беше продолжена до 7 јули, но не е исклучено да се продолжи, доколку е потребно, по тој период, додаде премиерот.

Шпанија е една од земјите најпогодени од епидемијата на вирусот „Ковид-19“, со повеќе од 282.000 заразени и 28.678 смртни случаи.

Бидејќи бројот на болни и починати почна да се намалува, шпанската влада започна да ги олеснува мерките и постепено да ја отвора земјата.

Слични содржини