Актуелно
Почетна / Глобално / Шпанија: Втор ден без смртен случај од Ковид-19

Шпанија: Втор ден без смртен случај од Ковид-19

Министерството за здравство на Шпанија соопшти дека поминал втор последователен ден без смртен случај од болеста Ковид-19 предизвикан од новиот коронавирус, објавува АП. Сепак, најновите податоци објавени во вторникот, се гледа зголемување на бројот на нови потврдени случаи – 137 во претходните 24 часа додека во понеделникот имало 71.

Меѓу новите случаи, повеќето од половината се во Мадрид – 73. Вирусот најтешко го погоди главниот град во Шпанија, додаваат агенциите.

Се помалку пациенти во интензивна нега

Шефот на шпанската служба за итни случаи, Фернандо Симон, изјавил дека запирањето на растот на стапката на смртност е „многу охрабрувачко“.

Симон додал дека бројот на пациенти кои се лекуваат во одделите за интензивна нега исто така опаѓа и само девет лица биле примени во тие единици во последните седум дена.

Официјалниот број на смртни случаи во Шпанија за време на пандемијата е 27.127, а бројот на потврдени случаи е скоро 240.000.

loading...