Шпанскиот премиер: Ѓоковиќ ќе мора да ги почитува правилата за да влезе во нашата земја

од Nikola Popovski

Тенисерот Новак Ѓоковиќ ќе мора да ги почитува здравствените правила на Шпанија за да влезе во земјата, изјави шпанскиот премиер Педро Санчез.

Запрашан од новинарите дали на Ѓоковиќ ќе му биде дозволен влез во Шпанија, каде на крајот на април ќе започне турнирот Мадрид Опен, Санчез рече дека „секој спортист кој сака да се натпреварува во Шпанија мора да се придржува до здравствените правила во таа земја“, пренесува Ројтерс.

Шпанските прописи во моментов налагаат граѓаните да имаат или потврда за вакцинација, негативен ПЦР тест или потврда за закрепнување од коронавирус, а строг карантин е воведен за луѓето кои се позитивни на коронавирус, јавува РСЕ.

Тенисерот Новак Ѓоковиќ пристигна во Белград, еден ден откако беше депортиран од Австралија затоа што жалбата за укинување на визата беше одбиена бидејќи не бил вакциниран.

Слични содржини