Шпанските клубови можат да загубат 1 милијарда евра

од Vladimir Zorba

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, рече дека шпанските клубови би можеле да загубат милијардa евра поради пандемијата од коронавирус.

Тебас пресмета дека толку ќе биде вкупната загуба ако фудбалот не продолжи.

Шпанија во моментов е во вонредна состојба да го спречи ширењето на вирусот „КОВИД 19“, фудбалот не се игра скоро еден месец, а владата таму планира да врати се во нормала до 26 април.

Клубовите се погодени финансиски, пред се со губење на прилив на пари од ТВ права и спонзори.

„Штета е веќе направена за преку 150 милиони евра“, рече Тебас за шпанските медиуми, а потоа изненади со чудесна бројка.

„Ако ги погледнеме економските влијанија, односно парите и на европските натпреварувања, приходите што ги пропуштаат шпанските клубови се околу една милијарда евра“, рече Тебас, дополнително разјаснувајќи ја тешката состојба.

„Дури и ако фудбалот се врати со гледачи, тоа е загуба од околу 150 милиони, а без нив 300 милиони“, рече Тебас, изјавувајќи дека нема да има фудбал во земјата пред крајот на мај.

Слични содржини