Шпанското МНР: Ја поддржуваме С. Македонија на патот кон ЕУ

од Nikola Popovski

Mинистерката за надворешни работи, Аранча Гонзалес Лаја на министерот Димитров му ја изрази поддршката и искуството на Шпанија за унапредување во процесот на пристапните преговори и во областите како што се судскиот систем, владеењето на правото, зелената агенда или дигитализацијата, објавија од шпанското Министерство за надворешни работи.

Димитров заедно со премиерот Зоран Заев се во Шпанија , каде што остваруваат средби со тамошниот државен врв.

-На средбата со министерката Гонзалес Лаја , таа изразила силна поддршка за почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ, напиша Димитров на Твитер.

Слични содржини