Шпекулација е веста дека САД го одбиле Фрчкоски за амбасадор, вели Заев

од Берта Китинска

Веста дека професорот Љубомир Фрчкоски е одбиен од САД како македонски амбасадор во Вашингтон е шпекулација, рече премиерот Зоран Заев денеска, во изјава за новинарите.

„Ниту Владата, ниту друга институција, не коментира за именувањето на амбасадори додека не завршат постапките. Така било и во случај на именување на конзули, а не пак за амбасадори. Во однос на амбасадорите, прво се носат одлуки на Влада, па се добива агреман од претседателот на државата, па потоа агреман од земјата домаќин“, рече Заев

И министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека во ниту еден момент не било  кажано дека  Љубомир Фрчкоски е кандидат за амбасадор.

Слични содржини