„Шпигел“: Audi отпушта четири до пет илјади вработени

од Vladimir Zorba

Германскиот производител на автомобили Audi, кој е дел од Volkswagen групата, се очекува да отпушти илјадници вработени, пренесува „Ројтерс“.

Со намалување на бројот на вработените, Audi сака да го олесни финансирањето на скапиот развој на електрични возила.

Во мај, автомобилската компанија објави план да инвестира 14 милијарди евра во електромобилите

Според објава на „Шпигел“ во петокот, се очекува да бидат отпуштени четири до пет илјади вработени.

Слични содржини