Шпионска афера во Бугарија: Протерани двајца руски дипломати

од Nikola Popovski

Бугарското Министерство за надворешни работи им дало 72 часа на двајца руски дипломати да ја напуштат земјата.

Тие се обвинети дека биле вклучени во шпионажа во земјата од 2016 година, соопштило денеска Министерството.

Портпаролот на Министерството изјавил дека веќе е известена руската амбасада во Софија, пренесе Ројтерс.

Претходно денес, обвинителите објавиле дека двајцата дипломати барале доверливи информации за плановите за модернизација на армијата и одржување на воената опрема од 2016 година.

Слични содржини