Шри Ланка: Демонстрантите ја напуштаат претседателската палата

од Stefanija Kuzmanovska

Демонстрантите на Шри Ланка ја напуштаат претседателската палата и кабинетот на премиерот кои претходно ги окупираа, јавува индискиот ТВ канал NDTV.

„Ги напуштаме претседателската палата, претседателскиот секретаријат и кабинетот на премиерот, но ќе продолжиме со нашата борба“, изјави претставник на демонстрантите, цитиран од ТВ каналот и цитиран од „Интерфакс“.

На територијата на Западната провинција, каде што се наоѓа главниот град на државата Коломбо, беше укинат и полицискиот час кој беше воведен ден претходно.

Слични содржини