Шри Ланка: Опозициските партии договараат нова влада

од Stefanija Kuzmanovska

Опозициските партии во Шри Ланка се состанале синоќа за да договорат нова влада, еден ден откако претседателот и премиерот на земјата понудија оставка, а демонстрантите упаднаа во резиденциите на двајцата лидери и го запалија домот на премиерот во гнев поради економската криза.

Високиот функционер на главната опозициска партија Обединети народни сили, Рањит Мадума Бандара, рече дека биле одржани одвоени разговори со други партии и пратеници кои се отцепиле од владејачката коалиција на претседателот Готабаја Рајапакса и дека се планирани повеќе состаноци, пренесе АП.

Слични содржини