Штафета на еднаквоста во Струмица

од desk4

  Во организација на здружението за помош и подршка на лицата со даунов синдром „Вера“, вчера попладне во Струмица се одржа првата Штафета на еднаквоста. Учествуваа деца со попреченоста кои трчеа по градскиот парк во Струмица од амфитеатарот до споменикот на Борис Трајковски. Тие место штафета носеа пораки на хартиени срца и со нив трчеа по патеката  пренесувајки  го апелот дека и тие се тука и дека тие можат и умеат. Инклузија за сите, Заедно сме посилни, Еднаквост за сите беа пораките што му ги врачија на  градоначалникот на Струмица Коста Јаневски.

– Нашите деца  се наша инспирација за проширување на нашите видици. Заради нив ние родителите го гледаме светот со други очи, да наоѓаме среќата во малите нешта. Научивме да бидеме трпеливи, учители, спортисти, актери, пејачи, доктори. Научивме се, но пред се научивме да ги прифаќаме работите какви што се. Научивме дека не сакаме да ги промение нашите деца, но подготвени сме да го промениме светот за нив, изјави Анче Николова Туфекчиева од здружението Вера.

На штафетата на еднаквоста учествуваа деца од Струмица, Валандово, Радовиш, Штип и Прилеп. Тие со насмевка ја истрчаа делницата од речиси 600 местри, а им се придружија и нивните родители и посетителите кои се рекреираа во градскиот парк во Струмица.

Од здружението „Вера“ кажаа дека вакви штафети ќе се организираат и во иднина со цел да им понудат на децата со потреби спортување и рекреација, но и да се подигне свеста во заедницата дека под ова небо сите сме еднакви

Слични содржини